Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Велес

10.05.2011   К.бр.32/11

ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС, како првостепен кривичен суд од судијата Габриела Гајдова како судија поединец, со записничар Лилјана Стојанова-технички секретар, постапувајќи по Обвинителниот предлог V КО.бр.26/11 од 18.01.2011 година на Основното јавно обвинителство Велес, против обвинетиот М. К. од В., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ, на ден 6.05.2011 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФРЛА Обвинителниот предлог V КО.бр.26/11 од 18.01.2011 година на Основното јавно обвинителство Велес против обвинетиот М. К. од В., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ.

Трошоците сторени во текот на кривичната постапка паѓаат на товар на буџетските средства на судот.

О б р а з л о ж е н и е

До Основен суд Велес, поднесен е Обвинителниот предлог V КО.бр.26/11 од 18.01.2011 година на Основното јавно обвинителство Велес, против обвинетиот М. К. од В., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ.

Со писмен поднесок V Ко.бр.26/11 од 27.04.2011 година, Основното јавно обвинителство Велес го извести судот дека на ден 25.04.2011 година во Основното јавно обвинителство Велес, се јавила оштетената Р. К. сопруга на обвинетиот која се произнела дека не е заинтересирана за кривично гонење на обвинетиот, односно го повлекува предлогот за гонење за што е составен и записник, па со оглед да се работи за кривично дело за кое гонењето се презема по предлогот на оштетениот, Основното јавно обвинителство Велес го повлекува Обвинителниот предлог V Ко.бр.26/2011.

Согласно чл.450 ст.1 од ЗКП, судијата ќе го отфрли обвинителниот предлог ако најде дека постојат причини за запирање на постапката предвидени во чл.284 точки од 1 до 3 од овој Закон, а ако се спроведени истражните дејствија и од причината предвидена во точка 4 од тој член.

Согласно чл.284 ст.1 т.3 од ЗКП, судот ќе одлучи дека се запира кривичната постапка ако установи дека нема барање на овластен тужител.

Во конкретниот случај како јавниот обвинител го повлече Обвинителниот предлог поднесен против обвинетиот М. К. од В., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ, судот согласно чл.450 ст.1 в.в. со чл. 284 ст.1 т.3 од ЗКП, одлучи како во диспозитивот на решението.

Согласно чл.93 ст.1 од ЗКП, судот одлучи дека трошоците на кривичната постапка паѓаат на терет на буџетските средства на судот.

Основен суд Велес, К.бр.32/11 од 6.05.2011 година.

Записничар, С у д и ја
Лилјана Стојанова Габриела Гајдова

ПРАВНА ПОУКА:
Против ова решение незадоволната странка има право на жалба во рок од 3 дена од приемот на ова решение, преку овој суд до Апелационен суд Скопје.
ДН:ОЈО, обвинет и оштетен.


Назад